Top Sport

„Ди Марија беше катастрофа од засилување“

Сопругата на Анхел Ди Марија, Хорхелина Кардосо, предизвика големо внимание во јавноста со изјавите во кои го навреид градот Манчестер и клубот Манчестер Јунајтед. „Манчестер е ужасен, ужасен, ужасен…Немам зборови да опишам колку е гаден“, изјави Хорхелина Кардосо.

Прв во јавноста на оваа изјава реагираше поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Гери Невил, а се огласи и помошникот на градоначалникот на Манчестер Саша Лорд.

„Се согласувам со госпоѓата Кардосо околу една работа, дека тој трансфер беше голема грешка. Цел живот навивам за Јунајтед, поради тоа ми беше тешко кога по една година го продадовме играчот за кого плативме 75 милиони евра, а кој се покажа како најголемо промашување во историјата на клубот“, рекол Лорд за ЕСПН.

Ди Марија од ЈУнајтед замина во Пари Сен Жермен.

„Манчестер е ср..е од град, а ние завршивме таму“

Scroll to Top