Иако беше критикуван поради контроверзните идеи кои ги промовира преку социјалните медиуми, Новак Ѓоковиќ продолжува со своето, овојпат зборувајќи со докторот Драган Иванов за автофагија, посебниот начин на постење со кое го навикнувате вашето тело да изддржи без храна подолг период.
„Многу е важен методот 16-8, тоа значи 16 часа не се јаде, осум часа се јаде. Тоа го применувам подолго време и последните година дена забележав многу подобрувања. Имам повеќе енергија во текот на денот, помалку такви ’падови’“, вели меѓу другото Ѓоковиќ.
Аутофагијата во науката претставува процес со кој клетките разградуваат и рециклираат материјали и ги исфрлаат како отпад.
„Препораката е да не конзумирате храна, ниту било каков пијалок (освен вода) во 16 часа, најдобро од попладнето по оброкот до следниот ден“, објаснува докторот Иванов.
Ѓоковиќ предмет на потсмев за тврдењата дека со умот може да ја менува храната