На денешен ден пред 30 години на стадионот „Максимир“ во Загреб се случи инцидентот за кој многумина сметаат дека го најави распадот на поранешна Југославија. Дербито Динамо-Црвена звезда никогаш не се одигра.
Сликите на хаос и насилство го обиколија целиот свет. Дивеењето тој ден во Загреб започна од раните утрински часови, неколку часа пред мечот навивачите на Динамо (Бед Блу Бојс) и Црвена звезда (Делија) имале неколку блиски средби околу стадионот, а потоа насилството се пресели на трибините и на теренот.
Се памети моментот кога тогаш 21 годишниот Звонимир Бобан го удрира милицаецот Рафик Ахметовиќ. Бобан подоцна доби девет месечна суспензија поради што го пропушти Светското првенство во Италија.