Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски се врати во Динамо Загреб, клубот каде што имаше најголеми успеси, а да го преземе вториот тим на „модрите“, наследувајќи го на таа позиција, Игор Јовичевиќ, кој сега е тренер на првиот тим по заминувањето на Ненад Бјелица.
46-годишниот Седлоски играше во Динамо од 1998 до 2004 година, а претходно беше тренер на Турново, Вардар, Рига и Широки Бријег во Босна и Херцеговина, додека во Вардар беше и спортски директор во 2014 и 2015 година.
Седлоски пристигна во Загреб во 1999 година од Шефилд венсдеј откако прво играше во лутиот ривал, Хајдук Сплит. Тој беше миленик на навивачите и стана капитен на тимот, за во 2003/04 да постигне 20 голови во 46 натпревари. Со Динамо тој освои три титули хрватски шампион, три титули од Купот на Хрватска и три суперкупа. За македонската фудбалска репрезентација, Седлоски играше 14 години и имаше јубилејни 100 настапи.