За разлика од голем број на европски држави фудбалското првенство на Црна Гора ќе се игра во присуство на публика, потврдил премиерот Душко Марковиќ.
„Ќе биде дозволен ограничен број на публика на спортските натпревари“, рекол Марковиќ.
Во Европа фудбал во присуство на публика се игра во Белорусија, Гермнаците ја продолжија Бундеслигата пред празни трибини, а истото ќе го направат и останатите држави чии шампионати ќе продолжат.