По повеќе од два месеци, денеска се рестартираше и данската Суперлига со мечот помеѓу Архус и Рандерс во 21. коло на сосема необичен начин – со виртуелни гледачи на трибините преку апликацијата „Зум“ и со еден спектакуларен гол.
За разлика од германската Бундеслига, каде што навивачите на Борусија Менхенгладбах ги наполнија трибините со картонски „навивачи“, во Данска се решија за малку поинтересен пристап – навивачите преку „Зум“ го следеа натпреварот, а нивните лица и реакции се гледаа на екраните поставени на трибините.
Мечот заврши 1:1, откако Рандерс стигна до водство во 36. минута со фантастичен лоб од речиси половина терен на Симон Писингер, пред Мортенсен во судското продолжение да донесе бод за домаќините.