Top Sport

Австријците жестоко го казнија ЛАСК

Фудбалскиот сојуз на Австрија го казни ЛАСК со одземање на шест бода и 75.000 евра. Фудбалерите на овој клуб не ги почитуваа мерките за социјално дистанцирање на тренинзите.

ЛАСК на почетокот на месецот одржаа нормален тренинг иако во тој период тоа беше спротивно на правилата.

Откако снимките излегоа во јавноста, против клубот беше покрената дисциплинска постапка. Дисциплинскиот сенат на австриската Бундеслига ја изрече казната, со образложение дека ЛАСК не ги почитувале основните принципи на фер-плејот.

Со одземањето на шест бода екипата која беше лидер на табелата падна на второто место и во плеј-офот за титулата влегува со три поени помалку од Салцбург.

Сезоната во Австрија ќе продолжи на 1 јуни. Во плеј-офот Салцбург ќе влезе со 24 поени, ЛАСК со 21, а Рапид од Виена со 20.

Во првиот меч по паузата ЛАСК ќе го пречека Хартберг.

Scroll to Top