Ла лига нема да биде единствената европска лига која ќе има мечеви секој ден по рестартот на шампионатот, откако и Серија А планира по 20 јуни да има меч секој ден во седум различни термини.
Според „Кориере дело спорт“, планот за „ширење“ на натпреварувањата е направен за да се осигура приходот од пеј-пер-вју телевизиските канали и во исто време да се задоволат клубовите. Планот е да се комплетира шампионатот до 2 август.
Единствена пречка ќе бидат можните попладневни натпревари, откако Асоцијацијата на фудбалери (АИЦ) постојано одбива можност за играње попладне на италијанското сонце во јули.
Се верува дека распоредот е следен – во понеделник ќе има меч во 21.00 часот, во вторник, среда и четврток да има мечеви во 19 и 21 часот, петокот ќе има еден меч од 21 часот, додека саботите и неделите ќе бидат „раширени“ со стартно време од 17.15, 19.30 и 21.45.