Top Sport

Севилја го доби градското дерби на рестартот на Ла лига (видео)

По три месеци, конечно, се врати и шпанската Ла лига, со големото дерби на Севилја, во кое на „Рамон Санчез Писхуан“ Севилја покажа дека оваа сезона тие се подобриот клуб стигнувајќи до 2:0 победа со која се зацврстија на третото место на табелата, сега со осум поени помалку од Барселона, и шест зад Реал Мадрид.

По мирното прво полувреме, тимот на Хулен Лопетеги го реши исходот на дербито во само шест минути.

Во 56. минута од мечот, Лукас Окампос со гол од пенал ги донесе домаќините во водство, за во 62. минута да му асистира на Фернандо за удвојување на водството.

За разлика од Севилја, на Реал Бетис не му оди најдобро оваа сезона и тие се на 12. место со 33 поени, дури 17 помалку од градскиот ривал.

Scroll to Top