Во интервју за „Евроспорт“, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека е пресреќен што ќе се оддржи САД опен, така најавувајќи дека го сменил своето мислење околу американскиот гренд слем и подгревајќи ги надежите на организаторите дека сепак ќе се одлучи да патува во Њујорк.
Во разговор со Матс Виландер и Алекс Коретча, Ѓоковиќ вели дека е презадоволен од плановите за враќање на АТП турнејата и покрај то што претходно изјави дека не е сигурен дали е изводливо да патува на гренд слемот во Њујорк поради мерките за безбедност на кои ќе бидат подложни тенисерите.
„Пресреќен сум и возбуден што гледам дека сите турнири, посебно гренд слем турнирите, се решија на организација на мечевите. Мислам дека тоа е фантастична вест и мислам дека зборувам за сите тенисери и навивачи, кои го мислат истото овие месеци. Знам дека многумина беа скептични, посебно за американските турнири поради работите кои се случуваа во САД за време на пандемијата. Како тениски професионалци, ние сме страствени за нашиот спорт, ни недостасува патувањето и натпреварувањето. Секако, регулативите и посебните мерки се многу строги, а тенисерите, посебно од Јужна Америка не можат да патуваат и да пристигнат во САД. Има време и тоа да се направи“, вели Ѓоковиќ.