Фудбалскиот клуб Челси планира сериозна реконструкција на играчкиот кадар во летниот преоден рок. Челси е еден од клубовите кои имаат голем број на фудбалери под договор и голем број на играчи кои настапуваа како позајмени во клубовите ширум Европа.
Таков пример е Марио Пашалиќ кој е играч на Челси но никогаш не заиграл за овој тим. Хрватот е позајмен во Аталната која ќе го откупи неговиот договор за 15 милиони евра.
Покрај Пашалиќ клупските челници во летниот преоден рок ќе се ослободат уште од 12 фудбалери.
На трансфер листата има звучни имиња: Емерсон Палмиери, Маркос Алонсо, Рос Баркли, Миши Батшуаи, Курт Зума, Андрес Кристенсен, Баб Рахман, Темуе Бакајоко и Виктор Мосес.
Клубот би можеле да го напуштат и Нголо Канте и Жожињо но само под услов Челси за овие двајца да добие атрактивини понуди.
Исто така неизвесна е и судбината на оливие Жиру иако тој неодамна го продолжи договорот.
Челси се активни на фудбалскиот пазар веќе ги донесоа Хаким Зијеш и Тимо Вернер. За нивните трансфери клубот потроши 94 милиони евра. Исто така клубот не го крие интересот за Каи Хаверц и Бен Чилвел и се очекува барем еден од двајцата да се пресели во Лондон.