Њукасл, во исчекување на комплетирањето на преземањето од страна на богатите саудиски газди, на совршен начин го почна рестартот на Премиер лигата, совладувајќи ги Шефилд јунајтед со 3:0 и нанесувајќи им удар на гостите во борба за место во Европа.
По првото полувреме без голови, Џон Иган доби втор жолт картон во 50-тата минута од мечот, оставајќи ги гостите со играч помалку.
Само пет минути подоцна, Њукасл стигна до водство преку Алан Сен-Максимин, а во 69. минута, Мет Ричи зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Желинтон во 78. минута.
Њукасл скокна на 12. место на табелата со 38 поени, додека Шефилд остануваат седми со 44 поени, два помалку од Манчестер јунајтед и Вулверхемптон.