НБА ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ исто така е позитивен на корона вирусот, откако неодамна се дружеше со светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ на кошаркарски меч во Белград, тврди „ЕСПН“.
Според американските извори центарот на Денвер требало да се приклучи на својот тим пред рестартот на НБА лигата, но останал во Србија поради позитивниот тест. Нагетси не го коментираат ова, повикувајќи се на приватноста на медицинските документи.
„Тој нема симптоми од добивањето на позитивниот тест минатата недела“, вели познатиот американски новинар, Адријан Војнаровски.
Јокиќ неодамна беше на прошталниот турнир на Дејан Милојевиќ, неговиот поранешен тренер од Мега Бемакс, каде што присуствуваше и Новак Ѓоковиќ.
Reporting with @WindhorstESPN: Nuggets star Nikola Jokic tested positive for the coronavirus in Serbia and his return to the U.S. is temporarily delayed. He’s been asymptomatic since testing positive last week. Jokic is expected to be cleared to travel to Denver within a week.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) June 23, 2020