Муралот посветен на најдобриот грчки кошаркар во моментов, ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо кој е насликан во предградие на Атина е осквернавен. На него се исшарани нацистички симболи.
Не им беше пријатно на Грците кои денеска поминаа во предградието да го гледаат ваквиот призор со нацистички симболи, свастика и „СС“.
Графитот посветен на Јанис, како што пренесуваат грчките медиуми, е насликан по предлог на градските власти кои ја покренаа иницијаивата „Слики и соништа“.