Тренерот на Барселона, Кике Сетиен е под притисок по 2:2 ремито со Селта Виго, со кој Каталонците им дадоа предност на Реал Мадрид во трката за шпанската титула, и мораше да одговара на прашањата зошто Антоан Гризман не беше стартер на мечот.
Французинот, кој пристигна на „Ноу Камп“ за 120 милиони евра минатата сезона, влезе во игра во финишот на мечот и Сетиен се бранеше за одлуката да не го постави како стартер фудбалерот кој постигна 14 гола во 42 меча оваа сезона.
„Во составувањето на мојот тим не ја гледам цената на фудбалерите. Минатата недела избравме специфичен тим, сега повторно. Минатата недела ме прашавте зошто не игра Ансу Фати, зошто не игра Рики Пуиг, а денеска сите прашуваат зошто не игра Гризман. Тоа се мои одлуки кои се технички. Не се избрзани и се прават во најдобар интерес за тимот“, одговори луто Сетиен.
Селта и „набива комплекси“ на Барса (2:2), се слави во Мадрид (видео)