Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја искористи пол-позицијата за да стигне до победа на првата трка од новата сезона во Формула 1, Австриското ГП во Шпилберг, во која само 11 болиди ја завршија трката, а шампионот Луис Хамилтон го загуби местото на подиумот поради казна добиена за предизвикување судир.
Ботас, кој во саботата изненади со пол-позицијата, беше вистински предизвикан во текот на целата трка, додека зад него се „редеа“ инциденти и излетувања. Шарл Леклер освои „почесен“ подиум за Ферари по ужасните квалификации, додека последното место на подиумот отиде кај Лендо Норис од Мекларен, откако Хамилтон заработи 5-секундна казна за судирот во дуелот со Александер Албон од Ред бул.
LAP 61/71:
Contact between Albon and Hamilton at the restart!
Albon spins and drops to P13 #AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/5iImqmGcVR
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020
За Ред бул на патеката која го носи нивното име, ова беше катастрофална трка – откако Макс Ферстапен стартуваше како втор (поради дополнителната казна која ја доби Хамилтон), имаше проблеми со болидот и мораше да се откаже, а потоа следуваше и дуелот Хамилтон-Албон во финишот на трката, кога Албон беше блиску до поминување на шампионот, пред да се удри во него.
На крајот, четвртото место му припадна на Хамилтон, Карлос Саинс во вториот Мекларен беше петти, Серхио Перез, кој беше казнет поради пребрзо возење во боксот, заврши како шести за Рејсинг поинт.
Incredible finish here ?
Lewis Hamilton has been given a 5-second penalty for the incident with Albon, Perez has also been handed a 5-second penalty for speeding in the pit lane – both penalties will be added to their finish times.#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/v21LCHfTHu
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020