Top Sport

Гасол својот 40-ти роденден го помина со ќерките на Коби Брајант (фото)

Шпанскиот кошаркар, По Гасол во понеделникот го прослави својот 40-ти роденден.

Трофејниот центар не правеше журка, туку денот го помина со ќерките на Коби Брајант.

Гасол и е голема поддршка на сопругата на Коби, Ванеса Брајант и ќерките Наталија, Бјанка, Бели и Капри.

„Среќен 40-ти роденден чичко По. Девојките Брајант те сакаат. Знам дека Коби би сакал да ти каже `среќен роденден `Пабло, те сакам брате“ – напиша Ванеса на Инстаграм.


Шпанецот се уште не завршил со кошарката, се опоравува од повредата на левото стапало.

Scroll to Top