Американецот Зек Ледеј наредната сезона ќе го носи дресот на Армани Милано, потврди италијанскиот клуб. Крилниот-центар минатата сезона го носеше дресот на Жалгирис.
Зек Ледеј со Армани милано потпишал две годишен договор.
„Благодарен сум што добив можност да дојдам во Милано и што ќе можам да соработувам со одличен тренер“, рекол Американецот по пристигнувањето во Милано.
Минатата сезона во дресот на Жалгирис, Ледеј во Евролигата имал просек од 11,8 поени и 4,7 скока по натпревар.
Ледеј бил играч на универзитетите Јужна Флорида и Вирџинија Тех, а во Европа настапувал во Хапоел Гилбоа, Олимпијакос и Жалгирис.
Армани Милано претходно потпиша договори со Малком Дилејни и Џиџи Датоме.