Во 2018 година Челси на Атлетик Билбао му плати вртоглави 80 милиони евра за речиси анонимниот голман Кепа Аризабалага и со тоа го направи најскапиот чувар на мрежата во светот. Денес, по само 2 години „сините“ се свесни дека ја направија една од најголемите грешки во историјата.
Кепа синоќа на „Енфилд“ прими 5 гола од англискиот првак Ливерпул.
Податоците велат дека Челси сезонава прими 54 гола, од кои 36 на гостувањата. Тоа е анти-рекорд на Челси во ерата во Премиерлигата посебно ако се земе од моментот кога Роман Абрамович е на чело на лондонскиот клуб.
Неверојатно звучи податокот дека дури 20 голмани во Премиерлигата сезонава забележале повеќе одбрани од Кепа Аризабалага.
Две сезони е меѓу стативите на голот на Челси, а статистиката покажува дека ги примил 8% од головите што Челси ги примил од почетокот на Премиерлигата (1992 година).
Само во домашното првенство сезонава прими 86 гола, а во сите натпреварувања вкупно 109.
На последните 6 меча на голот на Челси, Кепа од 14 удари кон неговиот гол, успеал да одбрани само 3.