Кариерата на професионалните спортисти е кратка и иако во повеќето спортови добро се заработува, примерот на рекордерот по бројот на настапи во кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, Самир Лериќ, покажува дека кризата „удира“ кај сите.
Босанскохерцеговските медиуми известуваат дека поранешниот кошаркар на Босна, Анкара, Митедојчер и човек кој имаше 107 настапи за БиХ, 46-годишниот Лериќ откако не добил функцио во Кошаркарската федерација на земјата, заработува како дистрибутер на леб и други продукти.
„Мислев дека засекогаш ќе останам во спортот, но во овие времиња ништо не може да биде сигурно. Една врата се затвори, за жал, на местото каде што најдобро се снаоѓав, но се отвори нова. Спортскиот работник не може да си приушти да не работи половина година, како што е сега случајот со корона вирусот. Сите нешто ветуваат, но никогаш ништо конкретно. Те користат и потоа ти вртат грб“, вели Лериќ за порталот „БХ баскет“.
Samir Lerić, bivši košarkaš, reprezenetativac.
U ekipi sa Markovićem, Firićem, Alihodžićem, Avdićem… radio prljave poslove. Primao udarce i dijelio ih, gurao se, skakao, pravio blokove… Rudarski posao. Kao trener nije mogao čekati kraj korone. Od nečeg se mora živjeti. Sretno pic.twitter.com/9H2iBap94S— Emir Delic (@EmirDelicBiH) July 26, 2020