Top Sport

Физиотерапевтот на Лацио му се извини на Џенаро Гатузо по саботната навреда

Физиотерапевтот на Лацио, Алекс Маџи му се извини на тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо за навредата која му ја упати во текот на вчерашниот меч.

Дуелот на „Сан Паоло“ имаше неколку нервозни моменти, вклучувајќи и расправија меѓу луѓето на клупата на двата тима. По крајот на мечот, видео снимките прикажаа како директорот на Лацио, Игли Таре се обидува да го спречи Гатузо да стигне до физиотерпевтот Маџи.

Гатузо на снимката му кажува на Маџи: „Кажи уште еднаш проклет ’тероне’ ако се осмелуваш“. Тероне е фраза која жителите на северна Италија со потценување гледаат на тие од јужна Италија. Маџи се извини преку социјалните мрежи

„Во мојата професионална кариера не сум навредил никого. Вчера, во текот на мечот со Наполи, си дозволив да имам непрописно однесување и се извинувам на сите, посебно на господинот Рино Гатузо“, напиша Маџи.

Scroll to Top