Манчестер Јунајтед до 10 август ќе го заврши трансферот на Џејдон Санчо. „Црвените ѓаволи“ англскиот репрезентативец подготвиле пет годишен договор „тежок“ 88 милиони евра.
„Билд“ објави дека Санчо од наредната сезона ќе игра за клубот од „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед само за трансферот ќе издвојат 120 милиони евра, но нема веднаш да ја исплатата целата сума.
Јунајтед најпрвин ќе платат 70 милиони евра, а потоа во наредните две години на сметката на тимот од Дортмунд ќе легнат 30, односно 20 милиони евра.
Санчо, сметајќи ги и бонусите, ќе добие годишна плата од 17,6 милиони евра. Поголема плата од неговата ќе има само голманот Давид Де Хеа (20 милиони евра), додека зад него ќе останат ѕвездите Пол Погба (17 милиони), Антони Марсијал (14 милиони) и Маркус Рашфорд (11 милиони евра).
Џејдон Санчо (20) кариерата ја започна во младинските школи на Вотфорд и Манчестер сити, во 2017 година се пресели во Борусија Дортмунд. Изминатата сезона одиграл 44 натпревари, постигнал 20 голови и забележал исто толку асистенции.