Премиер лигата го отфрли планот да се заддржат пет замени во тек на еден меч и во новата 2019/20 сезона, правило кое беше направено за да се намали влијанието на повредите на фудбалерите по долгата пауза поради корона вирусот.
Наместо тоа, во англискиот фудбал ќе се вратат на три замени во натпревар и седум фудбалери кои ќе седат на клубата, откако мнозинството тимови се противеле на продолжувањето на пет замени, а за предлогот за повеќе фудбалери на клупата било нерешено (10-10).
Планот да се продолжи со пет замени од клупа на која има девет фудбалери не го доби потребното мнозинство, откако Астон вила ги предводеше понископласираните тимови кои сметаа дека големите клубови со огромен број на играчи на располагање ќе добијат поголема предност.