Репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ ја игра можеби најдобрата кошарка во својот живот за Портланд трејлблејзерс по тешката скршеница на левата нога поради која паузираше 15 месеци, што го покажа и против Денвер нагетс вчера вечерта.
Популарниот „Босански ѕвер“ во втората четвртина од мечот со Нагетси успеа да ја забие топката во кошот преку 218 сантиметри високиот Бол Бол, синот на легендарниот Мануте Бол. Иако има 5 сантиметри помалку од Бол, Нуркиќ има дури 30 килограми повеќе од него и тоа го покажа со ова забивање.