Top Sport

Морис со нов кукавички фаул над Дончиќ за конечно да добие исклучување

Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Маркус Морис очигледно има нешто лично против словенечката ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ, по најновиот конфликт за време на шестиот меч од плејоф-серијата меѓу нив, за кој, конечно беше казнет со исфрлање од игра.

Морис, за кој многумина сметаа дека во петтиот меч намерно го згазна Словенецот на повредениот лев скочен зглоб, овојпат тој грубо го фаулираше при еден влез, по што двајцата беа блиску до физичка пресметка пред судиите и нивните соиграчи да се вмешаат.

Навистина неспортски и кукавички.

Срамен потег на Морис – Клиперси го малтретираат Дончиќ

Scroll to Top