Top Sport

Сензација во Монца – казна за Хамилтон, Ферари во аут, победата за Пјер Гасли!

Италијанското ГП во Монца не разочара според активностите на патеката, во која имаше излетувања, казни и сосема неочекувана победа на францускиот возач на Алфа Таури (вториот тим на Ред бул), Пјер Гасли.

Гасли ја изддржа битката во последните два круга пред Карлос Саинс Јуниор во Мекларен и Ленс Строл во Рејсинг Поинт, откако трката беше рестартирана по спектакуларното излетување на Шарл Леклер во Ферари, а Луис Хамилтон доби казна од 10 секунди во боксот која му ја расипа трката и дозволи да има невообичаен подиум на трката.

Трката започна со излетувањето на Себастијан Фетел во Ферари по откажувањето на неговите сопирачки, а трагедијата беше комплетирана за Скудерија на нивната домашна патека, кога Шарл Леклер излета и предизвика рестарт на трката.

Хамилтон, кој стартуваше од пол-позицијата и ја имаше контролата на трката, прерано влезе во боксот заедно со Антонио Џовинаци во Алфа Ромео и двајцата беа казнети со 10 секунди влегување во боксот, за да му ја предаде првата позиција на Гасли, човекот кој лани беше „премесетен“ од првиот тим на Ред бул во Алфа Таури.

Леклер со страшно излетување на Параболика, трката во Монца е прекината!

Scroll to Top