Top Sport

ТдФ: Словенечка доминација – Погачар со победа, Роглич со жолтата маичка

Словенецот Тадеј Погачар (УАЕ Емирати) стигна до победа на деветтата етапа на Тур де Франс на Пиринеите, додека неговиот сонародник Примож Роглич е новиот лидер во генерален пласман по возбудливата недела во Франција.

21-годишниот Погачар предводеше словенечка 1-2 победа пред Роглич, откако двајцата се одвоија заедно со актуелниот шампион Еган Бернал и Микел Ланда и го стигнаа Швајцарецот Марк Хирши кој избега рано на етапата на Кол де Мари Бланк. 22-годишниот Хирши водеше 90 километри од етапата, но на крајот загуби во битката со Погачар и Роглич во спринтерски финиш.

Роглич (Џамбо Висма) е новиот лидер на трката, откако Адам Јејтс (Мичелтон-Скот) загуби време на последното искачување по нападот на квартетот. Тој заврши на 54 секунди зад победниците и сега Роглич има 21 секунда предност пред Колумбиецот Бернал, а трет останува Французинот Гијом Мартин (Кофидис) со 28 секунди послабо време.

Scroll to Top