Евертон го потврдија трансферот на Хамес Родригез од Реал Мадрид за 22 милиони фунти, и Колумбиецот потпиша двегодишен договор со клубот од Ливерпул со опција за уште една сезона. Родригез повторно ќе работи со Карло Анчелоти, тренерот кој го донесе во Мадрид во 2014 година, и со кого работеа заедно во Баерн Минхен.
Хамес имаше само осум настапи во Ла лига минатата сезона откако се врати од двегодишната позајмица во Баерн, и имаше помалку од една година од договорот со „кралевите“.
„Пресреќен сум што сум во овој голем клуб, со толку голема историја и со менаџер кој навистина ме познава. Едвај чекам да почнам да работам и да победувам со Евертон. Дојдов тука да бидам подобар, да помогнам тимот да победува и да игра убав фудбал“, изјави поранешниот напаѓач на Монако и Порто.
Анчелоти беше презадоволен од договорот со 29-годишниот Колумбиец кој треба да помогне Евертон да скокне од 12. место на кое заврши минатата сезона.
„Хамес, како што сите знаат, е фантастичен фудбалер со големи квалитети и способности. Тој знае да асистира, да дава голови и да го мотивира тимот. Со фудбалери како Хамес и Алан ќе бидеме посилни во новата сезона“, изјави Анчелоти.
?? | It's official… @jamesdrodriguez is a Blue! ?#AlóJames pic.twitter.com/hNDsLvtqtT
— Everton (@Everton) September 7, 2020