Пред точно 60 години се случи една од најлегендарните маратонски трки во историјата на Олимпијадите, кога 28-годишниот Абебе Бикила, анонимен тркач од Етиопија успеа да стигнед озлатото на ЛОИ во Рим.
Бикила беше вистинска сензација, не само поради тоа што беше првиот тркач од источна Африка со олимписко злато во дисциплината, туку поради тоа што трката ја истрча без патики. Четири години подоцна, во Токио, тој го повтори успехот, овојпат со тркачки патики.
Бикила воопшто не требаше да трча во Рим, каде што беше замена за сонародникот Вами Бирату, кој се повреди играјќи фудбал. Затоа, тој отпатува во Италија со стар пар патики кои ги користел на тренинзите, и наједноставното решение беше да се облечат нови патики, но проблемот бил во тоа што тие предизвикале плускавци. На крајот тој победи со време од 2:15.16.2, 25 секунди пред конкуренцијата.
„Сакав светот да дознае дека мојата земја, Етиопија, секогаш победувала со посветеност и хероизам“, изјави по трката Бикила.
Тој е национален херој во Етиопија, каде што стадионот во Адис Абаба го носи неговото име, а ниту Италија не го заборави, каде што во Ладисполи еден мост го носи неговото име. Неговиот живот не беше среќен – тој почина во 1973 година на само 41 година откако во 1969 година по сообраќајна несреќа остана парализиран од вратот надолу.