Top Sport

Неубедливо деби на Емери – Вилјареал едвај се спаси со новакот Уеска

„Жолтата подморница“ Вилјареал, немаше најдобар старт на сезоната во Ла лига под водство на Унаи Емери откако им беше потребен гол од пенал за да извлечат 1:1 реми против новиот прволигаш Уеска.

Пабло Мафео со прекрасен гол во 42. минута им донесе водство на гостите од Арагонија, пред во 68. минута, Жерард Морено да добие шанса да израмни откако беше досуден пенал поради игра со рака во шестнаесетникот.

Претходно со ист резултат заврши мечот помеѓу Реал Валјадолид и Реал Сосиедад, додека Реал Бетис славеше на гости кај Алавес со 1:0 со голот на Кристијан Телјо во 94. минута од мечот.

ЛА ЛИГА, 1.КОЛО

Алавес – Реал Бетис 0:1

Валјадолид – Реал Сосиедад 1:1

Вилјареал – Уеска 1:1

ВИЛЈАРЕАЛ – УЕСКА

АЛАВЕС – БЕТИС

ВАЛЈАДОЛИД – СОСИЕДАД

Scroll to Top