На фудбалските натпревари во Германија ќе биде дозволено присуство на гледачи, само 20% од капацитетот на стадионот, одлучено е по состанокот на претставниците на сите 16 германски сојузни држави.
Се наведува дека е договорено одлуката да се применува во текот на шестнеделниот пробен период.
Строго забрането ќе биде точење алкохол на стадионите.
„Ќе биде забрането и доаѓањето на гостински навивачи, а секоја влезница ќе биде персонализирана како би можело да се следи движењето на сите личности на стадионот. На сила ќе биде и мерката за физичка дистанца, а гледачите ќе мора да носат и маски“ – стои во заклучокот.
Новата сезона започнува во петок.