Новокрунисаниот шампион од СЕХА лигата, унгарскиот Веспрем покажа дека ќе биде сериозен кандидат за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите, откако лесно со 28:24 славеше на гости кај Нант на Кирил Лазаров.
Унгарскиот клуб направи минимална предност од 11:10 по првите 30 минути, по што успеа да ја зголеми предноста во второто полувреме за на крајот да стигне до убедлив триумф. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше најефикасен кај Веспрем со 5 гола, колку што имаше и Андреас Нилсон, а и кај Нант најефикасен беше македонски репрезентивец, вечниот Кирил Лазаров со 5 гола, колку што имаше и Адријан Фигуераш.
Многу понеизвесно беше во Германија, каде што Флензбург со 31:30 го победи Кјелце во групата А, каде што е и Вардар.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Флензбург – Кјелце 31:30 (14:14)
ГРУПА Б
Нант – Веспрем 24:28 (10:11)