Top Sport

Тотенхем едвај мина против девет играчи во Пловдив, доаѓа во Македонија

Жозе Мурињо и Тотенхем ќе пристигнат во Македонија на дуел со Шкендија во квалификациите во Лига Европа, откако Спарси едвај успеаја да го совладаат бугарскиот Локомотив Пловдив со девет играчи со 1:2 во финишот на натпреварот.

Најавените засилувања (Герет Бејл и Серхио Регуилон) добро ќе им дојдат на англискиот клуб по неубедливиот меч во Пловдив, каде што Локомотив први дојдоа во водство во 71. минута преку Георги Минчев.

Бирсент Карагерен го доби првиот црвен картон за домаќините (79. минута), по што Хери Кејн од пенал израмни на 1:1 во 80-тата минута, а во 82. минута и Динис Алмеида беше пратен во соблекувалната, по што Танги Ндомбеле успеа да донесе тешко извојувана победа за Спарси.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Бодо/Глимт (Нор) – Жалгирис (Лит) 3:1

Гетеборг (Шве) – Копенхаген (Дан) 1:2

Локомотив Пловдив (Буг) – Тотенхем (Анг) 1:2

Нефчи Баку (Азе) – Галатасарај (Тур) 1:3

Ритериаи (Лит) – Либерец (Чеш) 1:5

 

Scroll to Top