„Сагата“ околу Амаду Дијавара и погрешната регистрација која ја направија Рома поради што го загубија службено мечот со Верона со 3:0 ни носи неверојатен пресврт откако човекот кој ја направи таа грешка, генералниот секретар Панталео Лонго сега се приклучува токму на Верона!
Двата тима одиграа 0:0 во првиот меч од Серија А во саботата, но Дијавара играше иако бил нерегуларно пријавен во листата на У-22 играчи и покрај неговите 23 години. Рома беа казнети, помалку драстично, со губење на натпреварот.
Вчера, италијанските медиуми објавија дека Лонго си поднел оставка, прифаќајќи ја грешката, а сега според „Спортиталија“ ќе се пресели во Верона, клубот кој „профитираше“ од грешката.
After submitting resignation due to Diawara error, Pantaleo Longo likely to join Hellas Verona https://t.co/TYLry0ufLY
— RomaPress (@ASRomaPress) September 22, 2020
Поради бизарна грешка Рома загуби од Верона на „зелена маса“