Австралискиот тенисер Ник Кирјос и легендата на германскиот тенис Борис Бекер повторно отворија остра расправија на социјалните мрежи, а 25-годишниот Кирјос посочи дека Бекер бил толку очаен по пари, што понудил да му биде тренер.
Кирјос и Бекер претходно се судрија поради различните мислења за Новак Ѓоковиќ и корона-фијаското на „Адрија турнејата“, а сега откако Кирјос преку Инстаграм се пофали дека е „поинаков вид“ на тенисер од другите, Бекер едноставно му одговори: „Во твоите соништа“.
Кирјос` одговори бурно.
„Мразиш како мал групи. Се влечкаш наоколу како лош здив, можеби со надеж за повеќе лајкови. За жал, никогаш нема да бидеш влијателен како мене“, одговори Кирјос.
На Твитер следуваше уште една „боцка“.
„Од желбата да ми биде тренер, очигледно поради очајната потреба на пари, до мразење на Инстаграм. Живееме во чуден свет“, вели Кирјос.
Иако поранешниот светски број 1, Бекер е далеку поуспешен тенисер од Кирјос, на социјалните мрежи е поинаку – Кирјос има 1.4 милиони следбеници на социјалните мрежи, а Бекер само 290.000.
King Boris Becker with the knock-out punch got Nicholas Kyrgios’s drawers in a twist with just one comment ??? ! pic.twitter.com/SnNJCcdLfd
— Novak Not Djokovic ❄️ (@djokernole777) September 23, 2020
He’s gone from wanting to coach me, obviously for his desperate need of a pay check, to hating on my Instagram. Strange world we live in ????♂️
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) September 23, 2020