Од Италија доаѓа навистина неверојатна приказна – една навивачка на Рома се разбудила од кома откако добила видео порака од легендата на клубот, Франческо Тоти, јавува весникот „Ла република“.
19-годишната Иленија Матили имала страшна сообраќајна несреќа со удар во дрво во декември, во која животот го загубила пријателката на Иленија, Мартина Оро, која била возач. Иленија, страствен навивач на Рома, но фудбалерка на јуниорската школа на Лацио, веднаш била однесена во клиниката „Гемели“ во Рим.
Таа добила страшна повреда на главата и била поставена во медицински индуцирана кома девет месеци, а нејзините родители честопати и ја пуштале химната на Рома, и чудесно, пораката од нејзиниот идол Тоти.
„Твојот фантастичен глас, заедно со страста, љубовта која Иленија секогаш ја имала за Рома, помогна таа да се разбуди, да ја врати насмевката и очите полни со радост и светлост“, вели таткото на Иленија за „Ла република“.
Семејството на Иленија сака да се сретне во живо со Тоти за да му се заблагодарат.
Roma, si risveglia dal coma dopo videomessaggio di Francesco Totti https://t.co/STr9MNNeUG
— Repubblica (@repubblica) September 24, 2020