Алваро Мората вели дека враќањето во Јувентус е негова „животна шанса“, и верува дека со Андреа Пирло како тренер, „бјанконерите“ можат до толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампиони.
Мората стана прв избор на Јуве откако не успеаја да се договорат со Луис Суарез, и иако многумина посочија дека Мората постојано зборува за големата љубов за клубовите за кои настапува, сега тој тврди дека гледа огромен потенцијал во овој тим на Јуве.
„Одлично е да се вратиш во Торино. Сега сум поискусна личност и подобар фудбалер. Ова е животна шанса за мене. Веќе по првите два тренинзи бев импресиониран од Пирло како тренер бидејќи го знае фудбалот. Сигурен сум во успехот и би сакал да постигнам 35 гола. Секогаш велев дека мојот сон е да играм за Атлетико Мадрид, но во Јувентус веруваа во мене и кога бев многу млад и благодарен сум за шансата. Сега сум на вистинско место во вистинско време. Најдобрата меморија од Италија ми е мојата сопруга и трофеите кои ги освоив“, вели 27-годишниот Шпанец.
Мората играше со Јуве во финалето на ЛШ во 2017, а две години подоцна ги победи како фудбалер на Реал Мадрид покрај Кристијано Роналдо.
„Го знам Кристијано многу добро, и како фудбалер и како личност и секогаш добро сме се согласувале. Лигата на шампиони е многу важна за нас и се надевам дека оваа сезона ќе одиме до крај“, вели Мората.
Мората е „новиот“ Анелка, секогаш „многу ги сака“ своите нови клубови