Италијанскиот второлигаш, Монца, го потврди доаѓањето на Кевин-Принс Боатенг од Фиорентина, за тој повторно да работи со поранешните први луѓе на Милан, Силвио Берлускони и Адријано Галијани.
По 30 години во Милан, Берлускони и неговиот верен директор Галијани градат нова фудбалска приказна во Монца, откако лани успеаја да влезат во втората лига. Тие трошат најмногу пари од сите во Серија Б, и Боатенг е 11-то засилување за тимот во летниот преоден рок.
Боатенг потпишува едногодишен договор со опција за уште една сезона, откако претходно во кариерата играше и во Милан, Борусија Дортмунд и Барселона. Тој во Монца исто така ќе се обедини со поранешниот тренер на Милан, Кристијан Броки, кој сега е прв човек во Монца.
Undicesimo colpo: ecco Kevin-Prince Boateng!???https://t.co/fcwEyIBf9N pic.twitter.com/iWL1hLjEvY
— AC Monza (@ACMonza) September 28, 2020