Мечот од осмото коло на шпанската АСОБАЛ лига помеѓу Адемар Леон и Либербанк Синфина (31:23) ќе влезе во историјата како прв ракометен меч кој се играл под маски поради правилата на шпанската покраина Кастилја и Леон.
Иако во текот на пролетта имаше најави дека ќе се игра и фудбал под заштитни маски, а имаше и егзибициски тениски турнири на кои натпреварувачите користеа маски, вакво нешто никој не очекуваше навистина да се случи.
Интересно, на мечот беа присутни 683 гледачи, кои исто така носеа маски, како и судиите и другите официјални лица.
??♂️??♂️??♂️ pic.twitter.com/bIGCOIjQaJ
— Casper U. Mortensen (@CMortensen6) October 10, 2020
There’s a first time for everything. In the Spanish handball league, @ASOBAL, Ademar Leon faced BM Sinfin tonight. All players involved had to play with masks throughout the match! Ridiculous?♂️https://t.co/zyiCTMk7OO#handball pic.twitter.com/LhtqhkN4A8
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) October 10, 2020