Осум натпревари во рамките на третото коло, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат вечерва. Колото ќе биде отворено на истокот од континентот, Локомотив во Москва ќе го пречека Атлетико Мадрид, а Шахтјор ќе ѝ биде домаќин на Борусија Дортмунд. Дербито ќе се огра во Мадрид, Реал ќе го пречека Интер.
Локомотив и Атлетико, беа ривали во Лигата на шампионите и минатата сезона. Двата натпревари завршија со победа на „јорганџиите“ од 2:0. Локомотив има еден бод, Атлетико три по првите две рунди. Рускиот тим се наоѓа во серија од три порази, сите со резултат 2:1, додека Атлетико има три победи во низа.
Актулениот првак на Европа, Баерн, во вториот меч од групата ќе гостува во Салцбург. Баерн има осум победи во низа и според формата е апсолутен фаворит во Австрија.
Група А:
Локомотив Москва-Атлетико Мадрид 18.55
Салцбург-Баерн Минхен 21.00
Табела: Баерн 6, Атлетико 3, Салцбург 1, Локомотив 1
Дербито на коло, кое воедно ќе биде и борба за опстанок, во Б-групата ќе го одиграат Реал и Интер. „Кралскиот клуб“ има само еден бод, Интер два, по првите две рунди. Поразениот во овој натпревар значително ќе си ги намали шансите за пласман во нокаут-фазата.
Реал ќе биде без Милитао (коронавирус), односно Карвахал, Начо и Одегард кои се повредени.
Многу поголем проблем има Интер, во Мадрид ќе играат без својот најдобар играч и стрелец, Ромелу Лукаку.
Последне пат Реал и Интер се сретнале во 2013 година, Интер пибеди во Милано со 3:1, а Реал во Мадрид со 2:0.
Во вториот меч од оваа група ќе играат Шахтјор и Борусија Менхенгладбах. Украинските шампиони со евентуална победа ќе бидат многу блиску до пласман во нокаут-рундата.
Група Б:
Шахтјор-Борусија 18.55
Реал-Интер 21.00
Табела: Шахтјор 4, Интер 2, Борусија 2, Реал 1
Во Ц-групата, апсолутниот фаворит Манчестер сити веќе вечерба може да заврши голе дел од работата околу пласманот во наредната рунда. Сити со две победи во првите две рунди ќе го пречека Олимпијакос. Во вториот натпревар во групата Порто ќе игра против Марсеј.
Група Ц:
Манчестер сити-Олимпијакос 21.00
Порт-Марсеј 21.00
Табела: Ман. Сити 6, Порто 3, Олимпијакос 3, Марсеј 0
Англискиот првак Ливерпул гостува во Бергамо, кај Аталанта. Ова е еден од дерби дуелите во оваа рунда. Мечот, со оглед ан стилот што го негуваат двата тима, може да понуди вистински спектакл.
Ливерпул има две победи во групата, додека Аталанта има победа и реми.
Јирген Клоп не може да смета на Ван Дајк, Фабињо и Оклслејд-Чембрлен, додека Џанпјеро Гасперини ќе биде без Толој, Госенс, Калдара, Де Рон.
Ливерпул е во серија од четири победи, додека Аталанта има само еден триумф на последните три натпревари.
Ајакс, соочен со големи проблеми, гостува во Митјиланд. Неколку играчи на Ајакс имаа позитивни тестови, за некои од нив се покажа дека тестовите биле лажни. Поради тоа Тадиќ, Онана и Гравенберч доцна синоќа отпатувале за Данска.
Ајакс во Данска ја бара првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона.
Група Д:
Митјиланд-Ајакс 21.00
Аталанта-Ливерпул 21.00
Табела: Ливерпул 6, Аталанта 4, Ајакс 1, Митјиланд 0