Балканскиот фудбал повторно носи куриозитет, откако мечот од четвртата лига помеѓу Врело Спорт и Спартак Љиг заврши по само неколку секунди.
Мечот од Колубарско-мачванската зона во српскиот фудбал стартуваше со само седум фудбалери на Спартак на теренот, што претставува минимум за одигување на меч, а неколку секунди по стартот, еден од гостинските фудбалери падна на тревата и го напушти теренот – бидејќи Спартак немаа фудбалери за замена, судијата мораше да прогласи крај.
Врело, клубот во кој кариерата ја почна Немања Матиќ, ќе добие 3:0 службена победа.