Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, ќе ја предводи Македонија на ЕУРО 2021 година. Во интервју за „Моцартспорт“, тој вели дека Македонија од позиција на аутсајдер нема што да загуби на собирот на најдобрите европски селекции.
Македонија на ЕУРО 2021 година е во група со Холандија, Австрија и Украина.
„Најпрвин се надевам дека пандемијата ќе заврши. Дека ќе има публика на ЕП и дека ние ќе имаме поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но нема што да загубиме. Најважни ќе ни бидат првите две средби, со Австрија и Украина“.
Во интервјуто издвоил кој натпревар е најзначаен во неговата кариера.
„Се работи за два натпревари. Последниот натпревар на Македонија против Грузија, на 12.ноември, кога постигнавме голем успех и финалето во Лигата на шампионите против Баерн, кога со Интер победивме 2:0“, рекол Пандев.