Додека Андреа Пирло и фудбалерите на Јувентус тренираа како дел од подготовките за Суперкупот на Италија против Наполи, во Континаса тренинг-центарот на италијанскиот шампион дојде неочекуван гостин – претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на состанок со Андреа Ањели.
Според италијанскиет медиуми, состанокот траел речиси три часа, а тема на разговор секако била фудбалската политика, бидејќи Перез го сметаат за главен промотор на идејата за европската Супер лига, елитната лига која би ја заменила Лигата на шампионите и би била единствен начин гигантите да преживеат во ерата по кризата со корона вирусот. Ањели, пак, е претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), собирот на најбогатите и највлијателните европски фудбалски клубови.
#Juve, Florentino #Perez in sede: tre ore di incontro con Andrea #Agnelli https://t.co/YZ2UwnXxDD #serieA
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) January 19, 2021