Златан Ибрахимовиќ бил испитуван од федерален обвинител во Италија денеска како дел од истрагата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) за можната расистичка навреда кон Ромелу Лукаку при лутиот судир на двајцата поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед на дербито на 26 јануари.
Ибра тогаш на Лукаку му кажа да оди „да го прави вуду ср.њето“, но потоа демантираше дека се работи за расистичка навреда. Сепак, федерацијата решила дека случајот мора да се истражи и според „Калчомеркато“ федералниот обвинител утрово во „Каза Милан“ го испитувал Ибрахимовиќ во присуство на адвокатот Фабио Еспозито.
Двајцата фудбалери беа казнети со жолт картон и отслужија суспензија од меч. Лукаку ќе биде испитуван следните денови, тврди „Калчомеркато“.
Вербалниот дуел на Ибра и Лукаку – „Да ве е..м тебе и жена ти…Оди прави ги оние вуду глупости“