Градчето Џуабен во африканската држава Гана е познато по своите фудбалски фанови. Поточно, по фановите на еден англиски клуб, Астон вила од Бирмингем, на над 7.500 километри од западна Африка.
Кога игра нивниот омилен клуб (сега за среќа во Премиер лигата), тие стануваат во 5 часот наутро, ги облекуваат своите дресови и почнуваат танците, песните и марширањето на улиците на градот. Од 48.338 жители на малиот град, во него има над 1.000 фанови на Вила.
„Секоја недела наутро имаме рутина. Мораме да бидеме фит и подготвени за песна, па затоа вежбаме, по што пееме над три часа. Кога ќе се вратиме од вежбање, ги пееме имињата на фудбалерите кои играат за Вила. Претходно многу луѓе навиваа за Челси, Манчестер јунајтед или Барселона. Сега, сите ни се приклучуваат и мислат само на Вила“, вели 21-годишниот Овусу Боакје Амандо, основачот на навивачката група „Гана лајонс“ за британскиот весник „Дејли мејл“.
Како започна оваа љубов за клуб кој не освоил трофеј од 1996 година? Овусу вели дека се работи за неговиот дедо и за еден легендарен фудбалер на Вила.
„Мојата љубов за Астон вила е од детството. Мојот дедо постојано зборуваше за фудбалерите, но само еден го нарекуваше Бог. Еден ден го прашав и тој ми кажа дека има еден Бог, но Бог во фудбалот е исто така еден и се вика Пол Мекграт“, вели Овусу.
61-годишниот Мекграт е поранешен ирски репрезентативец, кој играше на позицијата одбранбен играч, и го сметаат за еден од најдобрите ирски фудбалери во историјата. По настапите за Манчестер јунајтед, поголем дел од кариерата тој помина во Астон вила, за која имаше 253 настапи.
Врската со клубот не е заборавена. Поранешниот фудбалер на Вила, а сега тренер на младинскиот тим, Џорџ Боатенг минатата година го посети селото и планираше да ги донесе на турнеја на „Вила парк“ но пандемијата на КОВИД-19 ги попречи плановите, иако за иницијативата пари дадоа Џек Грилиш и Тајрон Мингс.
I don’t know Arsenal. I don’t know Arsenal. I know Villa. I know Martinez. I know Watkins. pic.twitter.com/OvgcTN9cxH
— Ghana Lions AVFC (@AvfcGhana) February 6, 2021
I don’t know Arsenal.This Arsenal fan joined our chants. I know Villaaaaaaaaaa. pic.twitter.com/oeHsgtTojJ
— Ghana Lions AVFC (@AvfcGhana) February 6, 2021
We love football and it’s football that unite us. Help the Ghana Lions Fund a Football Pitch! #AVFC https://t.co/FWiMOO4yNU
— Ghana Lions AVFC (@AvfcGhana) February 5, 2021