Top Sport

Лихтштајнер се пензионираше и сега учи да е часовничар

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Швајцарецот Штефан Лихтштајнер учи нова професија по повлекувањето од фудбалот, откако стана „чирак“ кај часовничар.

Лихтштајнер се повлече од фудбалот минатиот август по последната сезона со Аугзбург ставајќи крај на 19-годишната кариера и сега вели дека мора да си пронајде нова професија, почнувајќи да работи во во компанијата Морис де Мориак во Цирих.

„Сакам да правам нешто продуктивно. Кога си банкар, можеш да го правиш тоа цел живот, но кога си фудбалер, кога ќе дојдеш до средината на 30-тите години, мора да најдеш нешто друго. Но, и новата професија наликува на фудбалот. Во фудбалот ако сите во тимот не се совршени, нема да победиш. Исто е како со часовникот, ако работите не се на вистинското место, нема да работи“, вели Лихтштајнер за „Ројтерс“.

Scroll to Top