Март во САД е време за славното „мартовско лудило“, плејофот во кошаркарската колеџ-лига НЦАА, и оваа година финишот го оправдува ваквиот прекар.
Гонзага вчера со 93:90 го победи УЦЛА по продолженијата, откако Џејлен Сагс постигна тројка од половина терен за победа.
„Секој ден тренираме вакви удари. Вообичаено не погодувам, но овојпат бев сигурен дека тоа е можно“, вели Сагс.
Гонзага во финалето ќе игра со Бејлор во вторник навечер по македонско време.
Gonzaga’s radio call is goosebump city.
Only gets better when you learn the guy screaming on the call is Adam Morrison. pic.twitter.com/gdh49dcJrG
— Barstool Sports (@barstoolsports) April 4, 2021