Top Sport

Мајк Тајсон пак во кечерски ринг… Не помина најдобро кај фановите

54-годишниот Мајк Тајсон се подготвува за најавениот камбек против својот стар ривал, Ивандер Холифилд, но најде време за бизарно појавување во кечерскиот ринг, изненадувајќи голем број на фанови.

„Челичниот“ Мајк ја покажа својата импресивна мускулатура, пред да го нападне Шон Спирс со удари на „Ол-Елит реслинг“ шоуто, пред да се гушне со главната ѕвезда на продукцијата, Крис Џерико. Пред неколку месеци Тајсон и Џерико се „степаа“ во уште еден кечерски спектакл.

Фановите на борбите со кечери, сепак, не беа убедени од „пластичното“ однесување на Тајсон, порачувајќи му да се држи до боксерскиот ринг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B/R Wrestling (@brwrestling)

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Scroll to Top