Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс, во директниот дуел ги победија Денвер Нагетс 112.106 и по 14 години пауза изборија пласман во плејофот, во НБА лигата.
Драмата во Минеаполис по која е познат последниот учесник во плејофот оваа сезона беше решена во дополнителните пет минути откако натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 101:101.
Сензационален натпревар одигра српскиот центар Никола Јокиќ (35 поени, 10 скока), меѓутоа играчите на Минесота успеаја да го запрат во последната четвртина и продолжението. Јокиќ во третиот период постигна 17 поени.
Во регуларниот дел најпрвин Мареј со тројка му донесе на Денвер израмнување 99:99, а потоа Батлер и повоторно Мареј поентираа за 101:101. До крајот Минесота промаши два, а Денвер еден напад за победа.
Дополнителното време им припадна на домашните играчи кои преку Тиг и Батлер ја обезбедија победата и прво учество во плејофот по пауза од 14 години.
Покрај Јокиќ кај Денвер добар меч одигра и Мареј кој имаше учинок од 20 поени и по шест скока и асистенции.
Минесота ја предводеа повратникот во тимот по повредата Батлер со 31 поен и по пет скока и асистенции и Ентони-Таунс со 26 поени и 14 скока.