Кошаркарите на Дарушафака ја добија финалната серија против Локомотив Кубан во Еврокупот со 2-0 и по една година пауза од наредната сезона се враќаат во Евролигата.
По неверојатната победа, во продолжението на првиот меч во Краснодар 81:78, екипата која ја предводи Дејвид Блат, победи и на домашен терен во Истанбул 67:59.
Дарушафака ја предводеше МВП. на регуларниот дел од сезоната , Скоти Вилбакин. Американецот постигна 28 поени, вклучувајќи ја и клучната тројка на две минути до крајот за 61:54.
Екипата од Истанбул го оствари најголемиот успех во клупската историја и воедно го освои првиот трофеј по 1962 година.